Унгарија бара помош од ЕУ поради мигрантите

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати писма денеска до челниците од Европската комисија и Европскиот парламент по прашањето за илегална миграција, пред се за враќањето мигранти во првата точка од нивниот влез во ЕУ, изјави денеска шефот на Кабинетот на Владата на Унгарија, Јанош Лазар.

Прашањето на мигрантите исто така ќе биде клучна тема на заедничката седница на владата на Србија и на Унгарија на 1 јули.

Лазар рече дека според најновите податоци, во првите фази 16.000 мигранти ќе бидат испратени во Унгарија од други членки на ЕУ.

– Унгарија нема да биде во можност да ги прими, нагласи Лазар. Според проценките на надлежните министерства во таа држава, цифрата може да се зголеми на дури 200.000 мигранти во втората половина од годината.

– Владата го оспорува образложението за испраќање на тие мигранти во Унгарија бидејќи тие очигледно прво влегле на територија на ЕУ од Грција, нагласи Лазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година