УНЕСКО вклучи нови објекти во списокот на светско наследство

Од:

Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), вклучи нови објекти во списокот на светско наследство, јави ДПА.

Меѓу нив е местото Бетани, на Западниот Брег на реката Јордан, каде Јован Крстител го покрстил Исус Христос.

Одлуката беше донесена од Меѓународниот комитет на УНЕСКО за зачувување на културното наследство, на состанок во Бон, Германија.

Јамајка се здоби со прв објект во списокот – Блу Маунтин, планински регион во југоисточниот дел на островот, каде засолниште наоѓале локални Индијанци, а потоа и избегани африкански робови.

УНЕСКО во списокот на културно наследство вклучи и објекти на италијанскиот остров Сицилија, катедралите во Чефалу и Монреале.

Историскиот центар на јеменската претолнина Сана беше вклучен во меѓувреме во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што е во опасност. Тоа се случи поради конфликтот во земјата, како резултат на што беа нанесени сериозни штети на Стариот град на Сана.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО