УНЕСКО: Слобода на медиумите и одржив развој

Од:

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, во Хелсинки денеска ќе почне дводневна меѓународна конференција која ќе ја отвори генералниот директор Ирина Бокова и финскиот премиер Јуха Сипила.

На конференцијата чиј мото е „Пристап до информации и основни слободи – тоа е твое право“, учесниците ќе истакнат значење на слободата на информирање и одржив развој, заштита на слободата на печатот од цензура како и обезбедување сигурност за работа на  новинарите во традиционалните и он-лајн медиуми.

Слободата на медиуми и одржив развој оваа година за првпат се доведува во врска откако ОН во крајот на 2015 година усвоија цели за одржив развој до 2030 година, кои бараат „обезбедување пристап до информации и заштита на основната слобода во согласност со националните законодавства и меѓународни договори“, се вели во соопштение на сајтот на Унеско.

– Значењето на слободни и независни медиуми за информирање е клучно за остварување на целите на одржив развој, истакнува Бокова по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Конференцијата се организира со поддршка од 50 организации од цивилното општество и медиумите.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО