УНЕСКО: Сите земји во јеменскиот конфликт да го заштитат непроценливото културно наследство

Од:

УНЕСКО ги повика сите земји, што се замешани во конфликтот во Јемен, да го зачуваат непроценливото културно наследство на оваа земја, пренесоа француските медиуми цитирајќи ја генералната директорка на организацијата, Ирина Бокова.

Стариот град на јеменската престолнина Сана е на списокот на
светско културно наследство на УНЕСКО, пренесува БТА.

– Ги повикувам жителите на Јемен, како и земјите од регионот, инволвирани во воените операции во Јемен, да направат се што е во нивните сили за да го заштитат непроценливото културно наследство во оваа земја, рече Бокова.

„Од суштинско значење е земјите во конфликтот да избегнуваат да земаат за цели објекти и споменици од културното наследство, да не ги подложуваат ниту на артилериски оган, ниту на воздушни напади, ниту, пак, да ги користат за воени цели“, дополни Бокова.

Таа подвлече дека Јемен има уникатно наследство, затоа што тоа ги одразува вековите на размисла за исламот, на културна размена и дијалог.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО