УНЕСКО: Потребни се 2,3 милијарди долари за децата во зоните на конфликт

Од:

Во земјите во кои има конфликт 34 милиони деца не посетуваат училиште, а за нивно образование се потребни 2,3 милијарди долари, десетпати повеќе од помошта која во моментот се одвојува за таа цел, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Таа посочи дека враќањето во училиштата може да биде единствената надеж за нормален живот за многу деца и младинци во земјите каде има криза.

– Образованието треба да го сфатиме како дел од првичната реакција при избувнување на кризата, посочи Бокова.

УНЕСКО посочува дека во 2013 година 21 милиони луѓе во конфликтните зони имале потреба од образование, од кои осум милиони побарале помош, а добиле само три милиони.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО