УНЕСКО доделува на Мали 10,7 милиони долари за обнова на културното наследство на Мали

Од:

УНЕСКО одлучи Мали да добие од меѓународната заедница помош од 10,7 милиони долари за обнова на културни објекти што се оштетени или уништени од акциите на радикалните исламисти.

Парите ќе бидат доделени пред се за обнова на културното наследство кое е уништено во конфликтот во африканската држава. На прво место се музеите во Тимбукту и гробницата на Аскија Велики во Гао. Друг приоритет се зачувување на ракописи во Тимбукту.

Предвидено е средствата да бидат искористени за долгорочни мерки за зачувување на културното наследство, со подготовки во областа на културологијата и засилување на работата на локалните општини и преземање поактивна борба со незаконска трговија со артефакти.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам