Лидерот на опозициската Сириска национална коалиција, Хади ал Бахра во ОН побара повеќе оружје и воздушна поддршка во истовремената борба и против групата „Исламска држава“ (ИД) и против режимот во Дамаск.
Лидерот на т.н. умерени сириски опозиционери во понеделникот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк побара „итни“ напади во Сирија против ултрарадикалите од ИД и изрази задоволство од тоа што светот, според него, се приклучил кон нивната борба против тероризмот.
Тој синоќа зборуваше на министерската средба, на која во ОН учествува сите земји кои ги поддржуваат сириските бунтовници-неџихадисти, обединети во рамки на националната опозициска коалиција. Бахра побара „забрзување на воената помош“ за сириските бунтовници и ја повика „меѓународната заедница, нашите браќа и сестри, со воздушна поддршка да содејствуваат со (сириската) слободна армија“.
Американскиот претседател Барак Обама на 10 септември вети дека ќе ја зголеми воената помош за сириската опозиција и Конгресот на 18 септември усвои план што предвидува бунтовниците да бидат опремени и обучени за да можат да се борат проти џихадистите од ИД и против силите на претседателот Башар ал Асад.
Американски дипломати во Њујорк уверуваа дека Пентагон работи на обезбедување соодветната екипираност и обука, благодарение на соработката со Саудиска Арабија. Тие, меѓутоа, предупредија дека таа процедура може да трае со месеци.