Умерен земјотрес во северен Авганистан

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северниот дел на Авганистан. Земјотресот беше почувствуван и во Кабул и во соседен Пакистан.

Нема информации за евентуално повредени луѓе и причинета материјална штета.

Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил 35 километри југоисточно од Џарм во Авганистан, во ретко населениот регион Хиндукуш. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 192 километри.

Регионот во октомври беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,5 степени при што загинаа околу 400 луѓе. Земјотресот предизвика значителна материјална штета во северозападен Пакистан.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан