Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска мексиканската држава Оахака, соопшти Американскиот геолошки завод.
Потресот се случил на длабочина од десет километри под површината на земјата, со епицентар на 16 километри западно од градот Пинотепа Национал.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.