Умерен земјотрес го погоди главниот град на Перу

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди перуанскиот главен град Лима, предизвикувајќи паника кај населението, соопшти перуанскиот Геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан на 64 километри југозападно од Лима, со жариште на длабочина од 38 километри под океанското дно.

Нема информации за евентуални настрадани лица и за причинета материјална штета.

Според перуанските власти, не се очекува појава на цунами.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија