Ултиматум на Украина до монасите: Напуштете ја Киевско-печерската лавра

Од:

Украинските власти им наредија на монасите на канонската Украинска православна црква (УПЦ) да ја напуштат Киевско-Печерската Лавра до 4 јули.

Ова на медиумите им го пренесе адвокатот Никита Чекман, кој ја застапува УПЦ, соопштувајќи дека писмото пристигнало од Министерството за култура на Украина.

Во писмото се наведува дека доколку монасите не ги напуштат објектите до 4 јули, ќе се сменат бравите и ќе се запечатат просториите.

Претходниот пат кога Министерството за култура побара од монасите на УПЦ да ја напуштат Киевско-Печерската лавра беше на почетокот на минатиот месец.

Тогаш од монасите се бараше да потпишат примопредавање на 79 објекти кои се државна сопственост и кои се вратени во употреба како националниот споменик.

Во изминатата година, украинските власти го организираа најголемиот бран на прогон на УПЦ во поновата историја на земјата. Наведувајќи ја нејзината поврзаност со Русија, локалните власти во различни региони на Украина одлучија да ја забранат работата на УПЦ, а до парламентот на земјата беше поднесен предлог-закон за неговата де факто забрана во Украина.

Службата за безбедност на Украина почна да покренува кривична постапка против свештенството на УПЦ, спроведувајќи „контраразузнавачки мерки“ – претреси на епископи и свештеници во цркви и манастири, во потрага по докази за „антиукраинска активност“.

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Русија: Украина не нападна онаму каде што мисли дека сме најслаби, не успеа

Катерина Ѓуровски

„Донбас Девушка“ e Американка – Главниот руски пропагнаден канал го води поранешна припадничка на морнарицата

Катерина Ѓуровски

„Сакам да го нокаутирам Путин“

Лајен: На Украина и се уплатени првите три милијарди помош од планираните 18 милијарди евра

А1он

Сите монаси во еден тајландски будистички храм користеле кристален мет