Улф Кристершон доби мандат за состав на нова влада на Шведска

Од:

Претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен денеска на лидерот на конзервативната Умерена партија (М), Улф Кристершон му го довери мандатот за формирање нова влада на Шведска.

На парламентарните избори во Шведска, одржани на 9 минатиот месец, досега владејачката левоцентристичка коалиција, предводена од Социјалдемократската работничка партија (САП), освои 144 места, додека опозицскиот блок на десниот центар Алијанса, предводен од партијата на Кристершон, доби 143 мандати. Останатите 62 места во Парламентот и припаднаа на десничарската антимигранстка партија Шведски демократи (СД).

По изборите, согласно шведското законодавтсво, Парламентот се изјасни за доверба на досегашниот премиер, социјалдемократот Стефан Ловен и откако му изгласа недоверба, тој поднесе оставка, отворјаќи пат за избор на нова влада.

Меѓутоа, ниту Кристершон не е сигурен дека ќе обезбеди доволно гласови за избор на неговата влада, имајќи предвид дека Алијансата нема мнозинство, а Шведските демократи најавија дека нема да поддржат владин кабинет на ниту еден од двата блока.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски