Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Од:

Сајбер експертите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) воспоставија контрола врз веб-серверите на веб-страницата на руската Државна дума и Уставниот суд, пренесува Укринформ, повикувајќи се на извор од украинската разузнавачка служба.

„По повод официјалниот државен празник на Руската Федерација – Денот на Уставот, кој се одбележува денеска, сајбер експерти на ГУР поставија транспарент на веб-страницата на Државната дума на Руската Федерација со порака „Земјата Русија не постои“, а веб-страницата на Уставниот суд на Руската Федерација беше блокирана и корисниците не можеа да пристапат до неа“, вели Укринформ.

Според изворот на украинската државна новинска агенција, сајбер нападот врз овие руски веб-ресурси „целосно ја парализирал нивната работа и ги оневозможил серверите“.

Украинската агенција наведува и дека минатата недела сајбер експерти на Министерството за одбрана ги нападнале системите на руската Гаспромбанка и ги оневозможиле терминалите на банката низ цела Русија, поради што клиентите биле спречени да пристапат до онлајн банкарството.

Би можело да ве интересира

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Русија: Нуклеарната централа Запорожје е наша и точка

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Русија: Уништени се девет украински беспилотни летала и една пешадиска единица

Горан Наумовски