А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

by А1он26/03/2025 - 11:48484
Share0

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефективен дијалог со САД и дека контактите со американската страна се „многу интензивни и продуктивни“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Песков потврди дека е на сила наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем, пренесе РИА Новости.

По постигнувањето договор со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, конфликтните страни да се воздржат од напад на енергетски објекти, Путин и дал „соодветна наредба на руската војска“.

Иако Украина не одговори целосно на тој повик, Русија продолжи да го спроведува мораториумот, додека украинските сили продолжија да ги напаѓаат објектите во Русија, рече Песков.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој го истакна и значењето на Арктикот за Русија, наведувајќи дека Северниот морски пат е функционален и дека веќе се експлоатираат минералните суровини во регионот.

Песков нагласи дека меѓународната соработка на Арктикот е итна потреба, но додаде дека Русија ќе продолжи да ги користи ресурсите на тој регион во свои интереси.

Тој ја коментираше и 25-годишнината од првиот избор на Владимир Путин за претседател на Русија, нагласувајќи дека Русија за тоа време поминала долг пат, „од опстанок, економски и политички колапс, до развој и зголемен просперитет“, пренесува Танјуг.

Песков додаде дека Русија сега стана стабилна земја, со развиен економски сектор и посилен територијален интегритет.

peskovrusijaukraina

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Горан Наумовски14/11/2026 - 21:16

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Горан Наумовски14/11/2026 - 20:35

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Горан Наумовски14/11/2026 - 19:02

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Горан Наумовски14/11/2026 - 18:07

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Горан Наумовски14/11/2026 - 16:28

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Горан Наумовски14/11/2026 - 15:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео