Украинско знаме закачено во близина на Кремљ

Од:

Непознати лица закачија украинско знаме на врвот на еден облакодер во Москва, во близина на Кремљ, но тоа е симнато по три часа.

– Знамето го закачија непознати лица на врвот на еден облакодер на кејот Котељники. Алпинисти специјализирани за работа на големи височини веќе го симнаа знамето, рече портпароот на руското Министерство за вонредни состојби Роман Килкејев.

Се претпоставува дека истите лица на тој облакодер црвената ѕвезда ја пребојадисале во жолто-сина – боите на украинското знаме. Надлежните служби ја симнуваат бојата.

ukrainian-flag-moscow-stalin-building

Според полицијата, повеќе лица кај кои е пронајдена опрема за качување, се уапсени во Москва, сите од тој град и околина.

– Непознати лица, се качиле по внатрешните скали до последниот кат на облакодерот, а потоа, со помош на опрема за качување, го закачија знамето, рече истиот извор.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци