Украинско патување на американските академици

Од:

Соработниците на скандалозно познатата американска агенција за обезбедување Академи, се поранешни војници кои за пари извршуваат задачи во кризни жаришта. Нејзините платеници учествувале во воените конфликти во Ирак и Авганистан, а тогаш формацијата се викала Блеквотер.

Владата на Ирак ја тужеа пред американскиот суд бидејќи дивите гуски убиле 17 цивили. Иако тоа не беше единствена скандалозна епизода во историјата на организацијата, се се состоело во тоа што компанијата едноставно го променила името во Академи. Овие платеници, според податоците во медиумите сега делуваат против поддржувачите на федерализација на Југоисточна Украина. За сега не се соопштува кој конкретно настапува како нарачател на операциите на Академи, но сепак се знае дека обично академците добиваат порачки од стејтдепартментот или ЦИА.

Руското МНР уште во април изјави дека во операцијата во Југоисточна Украина учествуваат околу 150 американски специјалци. Тогаш се работело за организацијата Грејстоун, компанија која исто така е основана на база на Блеквотер, но подоцна била пререгистрирана како посебна фирма. Нејзините претставници, секако, од украинските договори се оградуваат на сите начини, како и прес-службата на Академи. Но, без оглед на тоа под кое име истапуваат платеницитек, фактот за нивно присуство во Украина не може да се сокрие, верува потпретседателот на Центарот за моделирање на стратешки развој Григориј Трофимчук.

Сите видоа во каква состојба се наоѓаат воените и армиските структури на Киев. Потоа нагло се случи пресврт и набљудувачите престанаа да се смеат на сувите оброци со кои ги снабдуваше Америка. Во оваа фаза се појави одредот Јагуар. Делумно беа основани од граѓани на Украина, но таму веќе беа инфилтрирани претставници на западните паравоени структури. Многу групи се наведуваат со разни имиња, а предводи Блеквотер. Можеме да констатираме: според тоа како се однесуваат безбедносните структури, зборува за тоа дека во тие операции делумно учествуваат војници на приватни компании. Прашање е кога оваа пропорција ќе се промеи и во кој обем.

Јасно е дека Вашингтон никогаш нема официјално да признае дека пратил платеници во Украина. Дури, за сега им успева повеќе или помалку да го камуфлираат своето присуство. И основите за таа тајност се очигледни, смета експертот за земјите на постоветскиот простор Александар Гушчин.

Во случај востаниците да ги заробат платениците, Русија ќе добие сериозен аргумент: тогаш Американците покажуваат дека фактички се страна во конфликтот. Друга работа е што тие изјавуваат дека тоа е неофицијална структура, приватно ангажирани платеници, оваа фирма државата не ја контролира. Но, земајќи го предвид реномето на оваа организација, тоа ќе биде само уште еден доказ дека Западот, во прв ред Американците се страна во конфликтот.

Како што се откри, ЕУ е добро запозната за присуството на американските платеници во Југоисточна Украина. Федералната разузнавачка служба на Германија БНД, за тоа ја информираше владата на Германија на 29 април. Па и порано европските медиуми соопштија дека САД одбиле да репатрираат од Украина тела на 13 воени агенти на ЦИА. Тие загинале кога нивниот хеликоптерт го срушиле востаници кај Славјанска.

За самите востаници и жители во Југоисточна Украина учеството на платеници во боевите дејствија одамна не е тајна. Пресретнати се разговори не само на англиски, туку и на италијански и на други европски јазици. Меѓу другото, фактот дека Академи е американска компанија не значи дека во неа служат само граѓани на САД. Платеници се земаат од целиот свет, па и од самата Украина. За работодавците не е важна ниту религиозната ниту идеолошката припадност на кандидатот. Што добро се гледа на примерот на платеници кои ги раководат во Киев, каде испраќаат платеници на нацистичкиот Десен сектор под раководство на американски колеги, да го чистат Југоистокот.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски