Украинските сили презедоа контрола над целата Киевска област

Од:

Украинските сили повторно презедоа контрола врз целата територија на регионот Киев, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

– Целиот киевски регион е ослободен од напаѓачите, напиша Малијар на Фејсбук.

Претходно советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович изјави дека украинските сили повторно зазеле повеќе од 30 градови и населби во регионот на Киев.

Тој предупреди дека ќе има поинтензивни конфликти во други области, иако, како што тврди, украинските сили ја вратиле контролата над поголемиот дел од територијата во близина на главниот град.

– Да немаме илузии, и понатаму престојат тешки битки за југот, за Мариупол, за истокот на Украина, наведе Арестович.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск