Украинските сили освојуваат нови села во Доњецк, Зеленски го поздрави напредокот

Од:

Украинските сили во неделата го ослободија селото Торске во близина на Лиман во регионот на Доњецк додека се приближуваа кон повторно преземање на регионот Луганск, соопшти украинската војска.

Серхи Черевати, портпарол на Источната група на вооружените сили на Украина, на националната телевизија изјави дека украинските сили пукале со муниција кон руските воени единици во градот Кремињ во Луганск.

– За нив (руските окупатори) сега е многу важно да се задржи Кремина. Откако ќе ја заземеме Кремина, вооружените сили на Украина ќе одат во Свјатово, Рубижне, а потоа ќе можат да го ослободат Луганскиот регион – рече Черевати, додавајќи дека ќе можат да ги преземат и Северодонецк и Лисичанск доколку ја вратат контролата врз Кремина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави напредокот

„ Последните случувања во Украина доаѓаат откако украинските сили го ослободија клучниот град  Лиман во текот на викендот“, рече тој.

Сепак, Зеленски во неделата рече дека воените успеси на Украина не се ограничени само на Лиман. Во своето ноќно обраќање до нацијата, Зеленски рече дека значителен дел од воените извештаи што ги добива се покриени со растечкиот список на неодамна ослободени украински населби.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп