Украинскиот патријарх Филарет, кој тврдеше дека коронавирусот е божја казна за геј браковите, и самиот се зарази

Од:

Поглаварот на Украинската православна црква-Киевски Патријархат, Филарет, кој ја нарече пандемијата на коронавирусот „божја казна“ поради дозволувањето на истополовите бракови, е примен во болница откако било откриено дека е заразен со коронавирусот.

Според официјалното соопштение од црквата, патријархот се чувствува добро и прима терапија.

Во интервју во март, Филарет, кој има 91 година, тврдеше дека коронавирусот е „божја казна за грешноста на човештвото,“ а потоа појасни: „пред се, мислам на истополовите бракови“.

Изјавата тогаш беше осудена од групите за заштита на човековите права, а организациите на ЛГБТ-заедницата во Украина го тужеа верскиот лидер поради изјавата.

Украинската православна црква-Киевски Патријархат е една од најголемите верски заедници во земјата, со околу седум милиони членови, што е една четвртина од православните верници.

Во Украина досега се регистрирани вкупно 143.000 случаи на Ковид-19, а повеќе од 3.000 луѓе починаа како последица на компликации од болеста.

Би можело да ве интересира

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите