Украински уметници поставија „Руска куќа на воените злосторства“ на Самитот во Давос

Од:

Додека светските лидери се собираат на Светскиот економски форум во Давос, украински уметници ја претворија тамошната Руска куќа, место што вообичаено го користи руската делегација, во „Руска куќа на воените злосторства“, објави денеска Би-Би-Си.

Фотографии од масовно уништување во украинските градови, гранатирани од руските сили, се претставени на изложба во зграда во швајцарскиот зимски центар на Алпите.

Руската инвазија на Украина е во фокусот на четиридневниот настан, кој ќе започне подоцна денеска, со видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ниту еден руски функционер или компанија нема да присуствува на овогодинешниот Самит.

Претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде, повика на своевиден Маршалов план за обнова на Украина, реферирајќи се на иницијативата на САД која помогна да се обнови Европа по Втората светска војна.

Бренде рече дека реконструкцијата во Украина треба да почне без оглед на исходот од мировните преговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците