Украински МВР: 25.000 парчиња автоматско оружје поделени на граѓаните на Киев

Од:

Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје.

Поделени се вкупно 25.000 парчиња автоматско оружје, како и 10 милиони парчиња муниција, соопшти министерот за внатрешни работи Денис Монастирски во видео објавено на социјалните мрежи.

Поделено е о противтенковско оружје, додаде тој.

– Киев сам ќе се брани, рече Монастирски.

Тој нагласи дека е горд кога видел луѓе како ги бранат своите градови, села, улици и куќи.

– Сами се организираат, нема ни грабежи, ни немири, рече Монастирски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина