Лесен украински авион се урна во руската област Брјанск, која се граничи со Украина, соопшти во средата граничната полиција на Федералната служба за безбедност.
Пилотот на леталото го преживеал падот и бил приведен од граничната стража.
Службата не прецизираше дали соборениот авион бил воен или цивилен.