Украинската војска се повлече од Авдијевка: Стратешки чекор или отворен пат за Русија?

Од:

Украинските сили во текот на ноќта се повлекоа од Авдијевка, а со тоа се отвора пат за напредок на Русија, најголем досега од мај 2023.

Командантот на оперативно-стратешката трупа Тарнавски на Телеграм соопшти дека украинските војници заземале одбранбена положба на одредени линии, со цел да се избегне опколувње на воените сили.

Тој соопшти дека украинската војска постојано е бомбардирана, па со повлекувањето не дозволиле да бидат опколени од руските сили. Наместо тоа, успеале да донесат исправна одлука и да се наместат на стратешки позиции со кои ќе се заштитат од натамошни бомбардирања.

Главниот командант на украинските вооружени сили, Александер Сирски, соопшти дека во текот на ноќта одлучил украинските единици да преминат во дефанзива.

Тој наведе и дека се преземаат мерки за стабилизација и зачувување на положбата, како и спасување на што повеќе животи.

Рускиот воен блогер Рибар, пак, пишува дека не е јасно дали украинската војска повторно ќе ги заземе одбранбените положби или ќе се повлече до Семеновка.

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина