Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во ослободениот Херсон

Од:

Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во неодамна ослободениот град Херсон.

Началникот на националната полиција на Украина, Ихор Клименко, денеска напиша дека околу 200 полицајци се на терен во градот, поставувајќи контролни пунктови и документирајќи докази за можни воени злосторства.

„Се работи и на деминирање на површината, а еден деминер е повреден додека работел во управната зграда“, напиша Клименко.

Украинската служба за следење на комуникациите соопшти дека во градот повторно емитуваат украинскиот јавен сервис и радио.

Советникот на градоначалникот на Херсон, Роман Холовња, изјави дека хуманитарната помош почнала да пристигнува од соседната област Николаев.

Тој ја нарече ситуацијата во градот „хуманитарна катастрофа“. Како што изјави, луѓето кои останале во градот немаат вода, лекови и храна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски