Украинската криза: Во кампот за обука на проруска милиција

Од:

Вооружена милитантна група и дозволи на Би-Би-Си ексклузивен пристап во својот камп за обука во источна Украина, каде регрутите се подготвуваат да се борат против државната армија. Панорама го следеше бригадниот командант уште од почеток на конфликтот – сега тој има собрано единица со повеќе од 100 луѓе.

На скришна локација во шума блиску до границата со Русија, мажи се подготвуваат да војуваат. Се до пред неколку дена, повеќето од нив имаа обични работи – продавач во супермаркет, рудар, нискоквалификуван работник.

Дури и нивниот командант, Алексеј Мозговој, е нов во сето ова; тој раководел со градежна компанија, но сега е подготвен да ги води неговите луѓе во битка против она кое тој го смета за нелегална влада во Киев.

– Ова е веќе состојба на граѓанска војна. Граѓанската војна започна уште со првите пукотници во Славјанск, а сега е во пол замав. Источна Украина стабилно се придвижува кон Русија, а тоа е факт, рече тој.

„Смртна казна“

Искрата за нивното делување беше револуцијата од февруари во главниот град, за која тие веруваат дека наметнала нелегална проевропска влада, која тие не ја признаваат.

Планот е кога овие луѓе ќе го напуштат ова место, да формираат нови вооружени групи се додека секој град во источна Украина не добие своја милиција. Нивното учество во овој конфликт е спротивно на тоа што го мислат многумина на западот, а тоа е дека војската на Украина е агресорска.

Сергеј, еден од членовите на милицијата, ни рече: „Тие се бандити и не нарекуваат сепаратисти, ни се закануваат со доживотен затвор. Што се однесува до нас, тие се воени криминалци и ги чека смртна казна“.

Еден друг негов колега, Виктор, додава: „Моето семејство е гордо на мене затоа што знаат дека сум тука за нив и за други семејства да обезбедам заштита и безбедност“.

Мажите заедно се обучуваат и заедно живеат и се обединети под знамето на една од главните руски политички партии – ЛДПР.

Панорама првпат се сретна со Алексеј во март, кога тој се обидуваше да повика на подршка за протести против Киев. Малкумина излегоа на улиците и тогаш имаше малку знаци дека допрва следи хаосот.

– Нема да ви се верува, работев и живеев како и сите други. Не сум гладен за власт, не сакам власт. Закам закон и ред, и сакам да се слушне гласот на народот, ни рече.

Не одведе во напуштена фабрика за оружје која обеабедувала работни места за илјадници локални жители кои, како што ни објасни тој, сакаат поблиски врски со Русија.

Тогаш тој ни рече: „Се раскрчмивме – од нуклеарно оружје до фабриките. Русија смета дека ако сакате мир, морате да се подговите за војна“.

„Овие се радикали“

Го снимивме кога гледаше како демонстрантите ја заземаат првата зграда во неговиот роден град Луганск, регионалниот штаб на украинските безбедносни сили. Таму имало оружје кое е сега во рацете на демонстрантите. Тој не ги одобрува нивите дела.

– Постојат радикали кои се заинтересирани само да окупираат згради, тука нема ништо конструктивно, рече тој. „Во ред, зазеле зграда, но каде тоа ќе не одведе?“, праша тој.

Следниот пат кога се сретнавме со Алексеј беше кога штотуку се вратил од средба со властите во Москва, во моментот кога западот го обвини претседателот Владимир Путин за поттикнување на етнички тензии во регионот.

Одби да ни објасни во детали, но ни рече дека се сретнал со лидери на две големи руски политички партии во парламентот, со Сергеј Миронов и со Владимир Жириновски.

Тој и неговите следбеници се сега вооружени и облечени во воени униформи, но не сакаше да одговори на прашањето кој им доставува оружје.

– Барак Обама. Барак Обама ни даде оружје со неговите политики. Ако си останеше дома и си ја водеше земјата, и не го пикаше носот кај други, немаше да има оружје – ниту во Сирија, ниту во Либија, а најмалку тука, рече Алексеј.

Референдуми

Беше прилично жесток и кога го прашавме за што разговарал во Москва. Ни рече: „Зошто се интересирате само за моето патување во Москва? Ние сме еден народ. Зад кого ќе застанам ако не зад мојот брат? Кого ќе прашам за совет ако не моите роднини?“

Има многу сериозна поента кога тој вели: Поддршката од САД и Европа за владата во Киев го распали гневот во источна Украина. И мнозина кои почнале како умерени, меѓу кои бил и самиот Алексеј, нема само да се борат за мирно отцепување од Киев – тие се подготвуваат да се борат да бидат дел од Руската федерација.

Исто го снимивме Алексеј на референдумот кој се одржа во регионот на 11 мај – опкружен со неговите нови вооружени бодигарди. Сепаратистите во Доњецк и Луганкс, со 89 проценти и 96 проценти подршка, на референдумите гласаа во корист на „самовладеење“; тие се одржаа во предвечерјето на украинските претседателски избори. Украина, ЕУ и САД ги прогласија референдумите за нелегални, но Русија рече дека резулатите би требало да бидат „имплементирани“.

Националите избори се закажани за следната недела. Кој и да победи на нив, ќе наследи поделена земја, со цели градови вон контрола на Киев и многу луѓе нерасположени за компромис.

Би-Би-Си – Лондон

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски