Украинска ракета падна во Полска

Од:

Неидентификуван објект утрово пролета во полскиот воздушен простор од правец на Украина. Полската војска на социјалните мрежи соопшти дека објектот бил следен со радар додека не се изгубил сигналот.

– Во утринските часови неидентификуван воздушен објект навлезе во воздушниот простор на Република Полска од страната на границата со Украина, а од моментот кога ја премина границата до исчезнувањето на сигналот, беше забележан од радарите на ПВО систем на таа земја – се вели во воената објава на социјалната мрежа Х.

Како што е наведено, во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на полските вооружени сили ги „мобилизирал расположливите сили и ресурси“.

Во исто време, портпаролот на оперативната команда Јацек Горишевски за ТВН изјави дека армијата го подигнала нивото на подготвеност на своите сили и системи за противвоздушна одбрана и дека ги утврдуваат околностите на инцидентот. Сепак, Горишевски не можеше да каже дали воздушниот објект паднал на територијата на Полска или го напуштил нејзиниот воздушен простор.

Медиумите јавуваат дека граѓаните наводно ја забележале ракетата.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала