Украинска криза: Руските дипломати го напуштаат Киев

Од:

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев.

Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

Според соговорникот, во екот на официјално објавената евакуација од некои западни земји, ваквата постапка укажува на тоа дека и Москва одлучила да тргне по истиот пат.

Неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија од Студената војна, поради ситуацијата околу Украина. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Претседателоте на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден денеска наутро по локално време во Вашингтон и доцна поладне по московско време ќе имаат телефонски разговор за кризта во Украина потврди портпаролот на Белата куќа. И Москва потврди дека на американска иницијатива ќе има нов разговор меѓу лидерите на двете земји.

Последниот телефонски разговор на Путин и Бајден беше на крајот од минатата година. Претходно на 7.декември разговараа преку видео-врска. Првата лице в лице средба се случи во Женева во јуни минатата година.

Би можело да ве интересира

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива