Украинците стигнаа до местото каде што падна ракетата во Полска, истрагата продолжува

Од:

Украински експерти веќе работат на местото на настанот во пограничната област на југоисточна Полска, каде ракета уби две лица, изјави украинскиот министер Дмитро Кулеба. Тој на Твитер напиша дека Украина ќе продолжи „отворена и конструктивна“ соработка со Полска поради инцидентот во вторникот, во кој животот го загубија две лица.

Варшава и нејзините западни сојузници велат дека доказите од местото на настанот покажуваат дека експлозијата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета која залутала во потера по руски проектил. Киев го негира ова, велејќи дека има доказ за „руска трага“ во експлозијата. „Украинските експерти веќе работат на местото на трагедијата во Пжеводов, која беше предизвикана од рускиот ракетен терор против Украина“, напиша Кулеба.

„Благодарен сум на полската страна што овозможи пристап. Ќе ја продолжиме нашата соработка на отворен и конструктивен начин, како што тоа го прават нашите најблиски пријатели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека експлозијата не била предизвикана од украинска ракета, иако Полска и НАТО алијансата во средата рекоа дека најверојатно станува збор за заскитан украински проектил за воздушна одбрана, а не за руски напад.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски