Украинците од Запорожје бегаат пред руската анексија на регионот

Од:

Конвои луѓе секојдневно пристигнуваат во градот Запорожје, главен на регионот со истотиме кој денеска ќе биде прогласен за дел од Русија. Иако главниот град е по украинска контрола, поголемиот дел од регионот го контролираат руските сили и како што најави Кремљ денеска оваа област ќе биде една од четирите за која претседателот Путин ќе прогласи Анексија.

Украинците се обидуваат да стигнат во реалтивно посигурната зона која е под контрола на нивната војска. Армијата на Украина ги контролира патиштата кои доаѓаат од регионите под руска контрола и проверува кој доаѓа од тие области.

Москва денеска ќе прогласи анексија на Запорожје, Херсон, Донецк и на Луганск. Доцна синоќа рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на Херсон и Запорожје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио