Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Од:

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот и погоди фабрика во Украина. Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днипро била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека истрелувањето на експерименталната ракета Орешник е одговор на употребата на Киев на американски и британски ракети, кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.

Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена Орешник (на руски значи лешник), се вели дека е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 Рубеж и може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.

Остатоците, кои сè уште не се детално анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.

Според Украинската управа за генерално разузнавање, проектилот бил истрелан од 4-тиот ракетен полигон Капустин Јар во регионот Астрахан во Русија и летал 15 минути пред да го погоди Днипро. Ракетата имала шест боеви глави, секоја со шест подмуниции, а за време на летот достигнала брзина до 11 маха.

„Важно е да се напомене дека ова е првпат остатоците од ваков проектил да се најдат на територијата на Украина“, изјави експерт од украинската служба за безбедност, кој се претстави само како Олех бидејќи не бил овластен да разговара со медиумите.

Ракетниот напад предизвика нова загриженост во Вашингтон. Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, рече дека новата администрација сака „да ги доведе двете страни на преговарачка маса, но е загрижена за ескалација“.

Во изјава за Фокс њуз, Валц рече дека се сретнал со советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан за да разговараат за американската политика и опции во Украина и додаде дека тие разговори ќе продолжат. „За нашите противници кои сметаат дека ова е можност за манипулација меѓу двете администрации, грешат“, рече тој. „Ние дејствуваме заедно, Соединетите Американски Држави се тим во овој преоден рок.

Валц, исто така, ја поддржа одлуката на Бајден да испрати противпешадиски нагазни мини во Украина, велејќи дека тоа е чекор кон стабилизирање на линиите, но ја нагласи желбата на Трамп да види брзо завршување на конфликтот. „Новоизбраниот претседател е многу загрижен за ескалацијата и правецот во кој сето тоа оди“, рече Валц. „Мораме да го доведеме овој конфликт до одговорен крај. Мораме да го вратиме мирот и да преземеме иницијатива да избегнеме понатамошна ескалација, наместо само да реагираме на тоа“, додаде тој.

Меѓутоа, војната не покажува знаци на смирување. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија користела повеќе од 800 наведувани бомби и стотици беспилотни летала во изминатата недела. Во меѓувреме, Русија тврди дека соборила 34 украински беспилотни летала над нејзините западни региони.

Би можело да ве интересира

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк