„Украинците го нападнаа Турски ток“ – обвинувања од Русија за Киев

Од:

Русија утрово соопшти дека соборила девет украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот Турски тек, кој носи руски гас до Турција и Европа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот бил насочен кон станица во Краснодарската област во јужна Русија, но објектот функционирал нормално и немало жртви.

Ројтерс не можеше самостојно да го потврди инцидентот, а немаше коментар од Украина.

Во руското соопштение се наведува дека фрагментите што паднале од еден од дронови предизвикале помали оштетувања на зградата и опремата на мерната станица на компресорот, но дека екипите за итни случаи брзо го санирале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната