Украина: Убивме повеќе од 100.000 Руси

Од:

Украинските вооружени сили тврдат дека од почетокот на руската инвазија на Украина се убиени повеќе од 100 илјади руски војници. Во последните информации за руските загуби, се наведува дека од почетокот на војната се „ликвидирани“ 100.400 руски војници, а вчера во текот на денот загинале 660 војници.

Украинското Министерство за одбрана го нарече соопштението на Твитер како „неверојатна случајност“ со оглед на тоа што Русија наводно одликувала 100.000 војници во изминатите 10 месеци. Руската инвазија на Украина започна на 24 февруари, а Русите ретко споделуваа информации за своите жртви.

„Уништивме 283 руски авиони“

Украинските сили тврдат дека уништиле вкупно 3.003 тенкови, 1.978 артилериски системи и 283 авиони. „Слава на Украина! На 302. ден продолжува херојскиот отпор на украинскиот народ на големата инвазија на руската армија“, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива