Украина го ослободи селото Андријивка во областа Донецк, кое се наоѓа јужно од Бахмут, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Веста за ослободувањето на селото вчера ја објави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар, но украинската војска набрзо ја демантираше оваа информација.
Третата ударна бригада вчера соопшти дека борбите во Клишчивка и Андријвка продолжуваат, по што Малиар ја коригира својата претходна изјава. Беше тешко и вчерашната ситуација се менуваше многу динамично неколку пати“, ги објасни Малиар контрадикторните извештаи.
Генералштабот додаде дека украинските сили им нанеле големи загуби на руските војници како дел од офанзивните операции околу блиското село Клишчивка, во кои тие исто така постигнале делумен успех. Андријивка е мала населба која се наоѓа на околу три километри јужно од Клишчивка и помалку од 10 километри јужно од окупираниот Бахмут.