Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Од:

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека преговорите за техничките детали за прекинот на огнот ќе започнат следната недела.

– Се договоривме следната недела тимовите да почнат да разговараат за сите детали на техничко стручно ниво, изјави Јермак.

За време на состанокот на украинската и американската делегација во Џеда се разговарало за различни опции за безбедносни гаранции.

„Денеска анализиравме неколку можности и во моментов има повеќе опции на маса. Денеска не би навлегувал во детали бидејќи консултациите се уште траат… Но, тоа мора да бидат гаранции кои 100 отсто ќе спречат каква било агресија во иднина“, рече Јермак.

Тој додаде дека САД сега ќе разговараат со Русија за предлозите формулирани за време на средбата со украинската делегација.

„По оваа средба, руската страна го држи клучот. Целиот свет ќе види кој навистина сака мир и кој само зборува за тоа“, заклучи Јермак.

САД и Украина вчера во Џеда постигнаа договор за 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со заедничка согласност, со обновување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации за Украина.

Целта на договорот е да се отвори простор за преговори со Русија, додека Украина се согласи да формира преговарачки тим и да работи на трајно решение на конфликтот. Кремљ вели дека сè уште чека информации од САД, а Путин претходно нагласи дека му е потребна долгорочна безбедност за Русија, а не привремен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Русите влегуваат во Купјанск преку цевките

Предраг Петровиќ

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

(ВИДЕО) Падна жичница во Русија – тројца загинати, десетици се евакуирани

А1он

Шмихал: САД разгледуваат опции за заштита на украинското небо

Орбан: Членството во ЕУ се темели на заслуги, а не на безбедносни гаранции

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сикорски: Путин се потсмева со претседателот на САД, крајно време е Трамп да го разбере ова