Шефот на украинската дипломатија Андреј Дешчица изјави денеска дека Владата во Киев се уште не може да ги потврди тврдењата на Русија дека ги повлекла војниците од украинско-руската граница.
– Се надеваме дека изјавите на руските политичари за повлекување на трупите од украинската граница нема да останат самопразни зборови, рече тој во Берлин, за време на состанокот со германскиот колега Франк-Валтер Штајнамаер.
– Во овој момент, ние тоа не можеме да го потврдиме, рече Дешчица.
Украинските гранични сили соопштија претходно дека руските трупи го напуштиле појасот со ширина од десет километри од границата, по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за повлекување.