Украина: Санкциите на ЕУ против Русија ќе стапат во сила од денеска навечер или утре

Од:

Пакетот санкции усвоен од ЕУ против Русија по признавањето од страна на Москва на два сепаратистички ентитета во источна Украина ќе стапи на сила денеска навечер или утре, изјави францускиот државен секретар за надворешни работи, Клеман Бон, јави дописникот на МИА.

-Имаше многу брзи реакции од Европејците, координирани со Американците, Британците. Овие санкции ќе се применат од вечерва, веројатно или најмногу од утре, изјави Клеман Бон на радиото Франс Интер.

Овој прв пакет санкции, кој може „да оди подалеку“, вклучува насочени мерки, особено против руските пратеници кои гласаа за признавање, и финансиски мерки против руските банки.

-Руската држава, руските банки повеќе нема да можат да се финансираат на европските пазари, подвлече Клеман Бон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Одеса е нападната од руски беспилотни летала

Стармер: Путин ќе го раскине мировниот договор ако Украина нема гаранции

Трамп: Наскоро ќе потпишеме договор за минерали со Украина кои имаат огромна вредност

Киевските сили се обидуваат да пробијат четири населени места во близина на границата