Украина: Руските сили ја кршат наредбата на Путин и го напаѓаат Азовстал

Од:

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинската армија ги одбила нападите на руската армија во источниот дел на земјата.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Олександр Мотузјаник рече дека руските сили се обиделе да ја пробијат одбраната на неколку градови – Рубижне, Попасна, Северодонецк, Маринка и Авдивка – и се обидувале да напредуваат од Изјум кон Барвинкове и Словјанск.

Руските сили, исто така, продолжуваат со нападите врз фабриката за челик во Мариупол Азовстал, каде што има украински борци, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

– Непријателот продолжува да ги напаѓа нашите позиции во областа на фабриката Азовстал. Тој користи авиони, артилерија, пука од тенкови и се обидува да напредува со јуришни групи, прекршувајќи ја наредбата на сопствениот врховен командант, рече Арестовиќ во видео обраќање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД