Украина: Русите нападнаа два града, погодија згради и училишта, повредени се деца

Од:

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз два града во југоисточна Украина, при што едно лице беше убиено, а повеќе од 20 беа повредени, соопштија денес локалните власти.

Гувернерот на Запорошката област изјави во објава на Телеграм дека руските сили извршиле четири напади врз градот Комишуваха, при што едно лице беше убиено, а 10 беа повредени. Неколку семејни куќи беа оштетени во нападот.

Во индустрискиот град Кривји Рог, родното место на претседателот Володимир Зеленски во Дњепропетровската област, 13 лица, меѓу кои и четири деца, беа повредени во комбинирани руски напади со беспилотни летала и ракети, изјави шефот на градската воена администрација, Олександр Вилкул, во објава на Телеграм.

Нападите погодија станбени згради, училишта и стратешка инфраструктура.

„Главната работа е што сите преживеаа“, напиша Вилкул, додавајќи дека шест лица, меѓу кои и повредените деца, се хоспитализирани.

Ројтерс не можеше независно да потврди дека нападите се случиле, а руските власти не ја коментираа ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

„Вашингтон пост“: Русија го „храни“ Иран со разузнавачки податоци за американските воени објекти

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

Фицо: Воопшто не му верувам на Зеленски

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина