Украина: Русите го ограбија музејот во Херсон, земаа се што можеа да дофатат

Од:

Под маската на евакуација, вооружени мажи во цивилна облека го ограбиле уметничкиот музеј Олексиј Шовкуненко во Херсон во последните четири дена, објави управата на музејот на Фејсбук.

Според соопштението, во периодот од 31 октомври до 3. ноември, руските окупаторски сили и руските соработници од музејот зеле „сè што виделе и им паднало при рака. Ги земале музејските експонати, се вели, без претходно да ги пакуваат за транспорт.

Камионите кои ги превезувале украдените уметнички дела се упатиле кон Крим, кој е под руска окупација, но не е јасно дали тоа е нивната крајна дестинација, пишува управата на музејот.

Полициската управа на регионот Херон отвори кривична истрага за грабежот на музејот, пишува Киев Индепендент.

Би можело да ве интересира

Нападнат хуманитарен пункт во Херсон

Руските сили го гранатираа Херсон: Едно лице загина, деветмина се ранети

Руските трупи го гранатираа регионот на Херсон, едно лице загина

Горан Наумовски

Русите го нападнаа Херсон, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Руските сили го гранатираат Херсон, засега тројца жители се повредени

Горан Наумовски

Русите го бомбардираа Херсон, има загинати и повредени