Руските сили го гранатираа Херсон: Едно лице загина, деветмина се ранети

Од:

Во руското гранатирање на украинскиот град Херсон и уште 18 населени места во истоимената област во изминатите 24 часа, едно лице загина, а девет се повредени, соопшти денеска воениот гувернер на таа област Олександар Прокудин.

Според него, руската армија гаѓала инфраструктурен објект, медицински установи и контролен пункт, пренесува Укринформ.

Гранатирани се и станбени згради во населените места во регионот, меѓу кои три висококатници и 19 приватни куќи.

Украинската агенција наведува дека во нападот на руските сили биле оштетени и гасовод, комерцијални објекти, магацин и неколку автомобили.

Украинските власти претходно денеска известија дека во руски напад врз градот Суми загинале две лица, а четворица се повредени, меѓу кои две деца.

Би можело да ве интересира

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала