Украина: Русија премина на страната на ѓаволот

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин треба да сфати дека е доста – изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук, обвинувајќи го рускиот лидер дека ги снабдува со оружје проруските сили, кои што се наоѓаат на исток на Украина.

-Ништо не очекувам од руската влада. Таа проруските сили ги снабдува со оружје и испрати свои борци. Путин треба да сфати дека е доста. Ова не е конфликт помеѓу Украина и Русија, туку меѓународен-рече тој и додаде дека Русија преминала на темната страна, страната на ѓаволот.

Тој додаде дека Украина е подготвена, истрагата за падот на малеизискиот авион, да им ја препушти на меѓународни партнери на чело со Холандија.

-Во моментов воопшто не се сомневаме дека авионот е урнат. Тоа најверојатно е направено со ракета од ракетниот систем БУК-М1. Јасно е дека со овој систем не можат да управуваат пијани проруски теористи, туку само професионалци-нагласи украинскиот премиер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите