Украина размислува за прекин на дипломатските односи со Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека сценариото во кое неговата земја би влегла во тотална војна со Русија е малку веројатно, но напомена дека ако и дојде до тоа, Украина е комплено воено подготвена.

Веруваме дека нема да има војна против Украина и дека ситуацијата од страна на Русија нема и натаму да ескалира“ – рече Зеленски во денешното обраќање до нацијата.

Тој најави дека како опција се разгледува и прекинување на односите со Русија. Нагласи и дека побарал веднаш да се запре проектот „Северен поток 2“.

„Добив барање од Министерството за надворешни работи да се разгледа прашањето за прекин на односите меѓу Украина и Руската Федерација“, рече Зеленски, додавајќи дека сега „ќе го испита и ќе работи на ова прашање“.

Зеленски додаде дека Русија мора да биде казнета поради нејзиното признавање на двата региона на Украина под контрола на сепаратистите со „итни санкции“ кои вклучуваат „целосно запирање на Северен поток 2“.

Зеленски денеска предупреди дека руското признавање на двата отцепени региона на неговата земја е претходник за понатамошен воен напад.

„Сметаме дека со оваа одлука Русија создава правна основа за натамошна воена агресија врз Украина, со што ги прекршува сите можни меѓународни обврски“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски