Украина: Припадници на „Вагнер“ се вратија во Бахмут

Од:

Украинската армија тврди дека припадници на „Вагнер“ се вратиле во Бахмут. Тие се повлекле од тој град во мај и ја предале контролата на руската војска. Сепак, заменик-началникот за комуникации на украинската армија Серхиј Череваџи изјави дека поранешните борци на Вагнер се вратиле во Украина и сега работат под руското Министерство за одбрана.

„Неколку стотици од нив одат во наша насока, на источниот фронт“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Истото за Си-Ен-Ен го потврдија и украинските војници кај Бахмут.

„Вагнер е тука“, рече еден од операторите со дронови.

„Се вратија, брзо ги сменија командантите и сега се тука“, додаде тој.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека припадниците на „Вагнер“ склучиле договори со руското министерство, но тој не сакал да го преувеличува нивното доаѓање на фронтот.

„Запомнете, Вагнер повеќе не постои“, рече Подољак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната