Украина повторно ја обвинува Русија за соборување на авион

Од:

Руски авион собори авион Су-25 на украинското воено воздухопловство, кој учествувал во операција против сепаратистите во Источна Украина, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко.

Тој истакна дека нападот се случил синоќа и оти украинскиот пилот успеал да се катапултира и преживеал.

Во меѓувреме, проруските сепаратисти изјавија дека вчера стрелале кон два владини авиони Су-25.

Украинските власти ја обвинуваат Русија дека нејзини војници се борат на страната на сепаратистите во источните региони. Москва демантира дека ги поддржува бунтовниците. Киев ја обвини Москва и за соборувањето на украинскиот воентранспортен авион Ан-26 во понеделникот во близина на руската граница. Четворица од екипажот на авионот беа спасени, двајца се заробени од сепаратистите, а двајца загинаа.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала