Украина подготвува напад на Крим

Од:

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) на каналот Телеграм објави аудио снимка од пресретнат разговор на руски војник кој вели дека се подготвува напад на Крим.

Во таа снимка, чија автентичност медиумите не можеа да ја потврдат, се наведува дека руски војник вели дека слушнал дека Украинците се подготвуваат за голем напад за преземање на полуостровот Крим.

ГУР изјави дека рускиот војник му кажува на пријател дека слушнал оти намерата на официјален Киев е да испрати 150.000 војници и тешка артилерија на тој полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и се смета за клучна точка за Москва.

Според транскриптот од прислушуваниот разговор, кој го објави Киев пост, руски војник му кажува на пријател дека слушнал дека украинската армија „подготвува нешто на Крим“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната