Украина почнува да верува дека може да го ослободи Крим: „Ова е клучен момент“

Од:

Украина почнува да верува дека може да го ослободи Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година. Ова го изјави Тамила Ташева, претставник на Володимир Зеленски задолжена за Крим, откако неколку дена со нејзиниот тим разговарала за тоа какви чекори треба да преземе Украина во случај украинските сили да ја преземат контролата врз полуостровот.

Треба да се напомене дека ниту еден сериозен воен аналитичар не сугерира дека Украина наскоро би можела да биде во позиција да го ослободи полуостровот кој беше анектиран од Русија пред осум години, но украинските власти по ослободувањето на стратешки важниот град Лиман во регионот Доњецк се повеќе убедени дека е можно да се ослободи и Крим .

„Ова е клучен момент. Во моментов, сè се случува на таков начин што ослободувањето на Крим изгледа неизбежно“, рече Ташева, додавајќи: „Тоа можеби нема да се случи утре, но мислам дека ќе го ослободиме Крим многу побрзо отколку што мислев пред една година“.

Ташева вели дека „многу е важно да се осигура сè да е подготвено на време, а не кога ќе се случи“.

„Кога Русија го анектираше Крим во 2014 година, тие беа подготвени да воспостават свое владеење на полуостровот. И ние мора да бидеме подготвени“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ