Украина: Победа на партијата на Јануковиќ

Од:

Партијата на украинскиот претседател Виктор Јануковиќ победи на парламентарните избори со освоени 37% од гласовите.

На второ место е опозицискиот сојуз за кого гласаа 21% од Украинците, покажуваат првите резултати од изборите.

На основа на 25% изброени гласови, за 225 од 450 пратеници, Комунистичката партија освои 15% од гласовите, додека партиите Удар на боксерот Кличко и Свобода со со освоени 12, односно 7 отсто од гласовите.

За партијата на поранешната фудбалска ѕвезда Шевченко, гласале 1.7% од Украинците, што значи дека партијата нема да влезе во парламентот.

Втората половина пратеници се бираат мнозински.

Предизборната кампања во Украина беше одбележана со бројни нерегуларности и отсуство на некогашната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор.

Изборите ги следеа 3.800 меѓународни набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид