Киев планира потполна евакуација на населението: Луѓето ќе треба за 12 часа да го напуштат градот

Од:

„Њујорк тајмс“ пишува дека Киев подготвува целосна евакуација доколку целосно ја загуби струјата.

Градот со три милиони жители, наводно веќе има цел план за оваа опција. Околу 40 отсто од енергетската инфраструктура веќе е оштетена или уништена во руските бомбардирања.

„Доколку Русија продолжи со овие напади, јасно ни е дека тие би можеле целосно да останат без струја“, изјави Роман Ткачук, владин претставник од Киев.

На градските власти им беше кажано дека ќе имаат предупредување околу 12 часа однапред дека системот е на работ на откажување. Во тој случај, како што рече Ткачук, луѓето ќе бидат информирани да си заминат.

Но, засега, вели тој, ситуацијата е таква што се уште може да се управува. Сепак, евентуалниот целосен прекин на електричната енергија, се разбира, би донел многу други проблеми. Значи во тој случај не би имало вода или многу други работи кои зависат од струја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски