Украина од средбата Путин-Бајден очекува договор за повлекување на руските сили

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска учествува на Советот за надворешни работи на ЕУ и бара конкретни чекори од Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кулеба пристигна утрово во седиштето на Советот на ЕУ каде кусо се обрати пред новинарите порачувајќи дека ЕУ треба да испрати јасни сигнали до Русија.

-Има многу одлуки што може ЕУ да ги донесе за испрати порака до Русија дека нема да се толерира ескалација и дека ќе биде оставена Украина на себе, рече Кулеба.

За шефот на украинската дипломатија тие пораки можат да бидат поддршка за развој на одбранбениот сектор на Украина, за борба против сајбер напади и санкции против Русија.

-Постојат добри и легитимни причини да се донесат санкции сега, ЕУ да покаже дека делува, а не само дека зборува, додаде украинскиот министер Кулеба.

Дилемата во ЕУ дали санкции против Русија треба да бидат изречени превентивно или само во случај на инвазија на Украина, околу ова денеска, меѓу другото, ќе се дебатира помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ.

Запрашан за средбата Путин-Бајден, свикана од страна на Емануел Макрон, Кулеба изјави дека го поздравува овој самит и дека секој напор за деескалација е добредојден. Украина добила уверување од САД дека на оваа средба “ниедна одлука нема да се донесе зад грбот на Украина“.

-Се надеваме дека двајцата претседатели ќе излезат оттаму со договор за повлекување на руските сили од Украина, ако тоа не се случи значи дека Русија останува на логиката на ескалација, изјави Кулеба од Брисел.

Избор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски