Украина од полноќ во вонредна состојба

Од:

Украинскиот Парламент изгласа воведување на вонредна состојба која стапува на сила од полноќ и ќе трае најмалку 30 дена. Вонредната состојба ќе важи за цела Украина, со исклучок на проруските сепаратистички покраини Доњецк и Луганск.

Тие се во вонредна состојба од 2014 година.

Благодарение на прогласената вонредна состојба, Владата може во било кој момент да прогласи полициски час и да ги проверува личните документи на сите граѓани. Се воведуваат и рестрикции за низа дигитални и радио-комуникациски сервиси, за кои Владата вели дека би можеле дополнително да ги запалат страстите.

Вонредната состојба значи и дека воените резервисти не смеат да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор